ноември 23, 2024

Полицијата дошла од домашен притвор да го враќа во притвор во Шутка, но екс заменик директорот на УЈП и функционер на ДУИ, Исмет Гури бил побрз и им избегал. Кога дошла полицијата кај него дома да го вратат во затворски притвор, не бил таму и сега го бараат и со меѓународна потерница.

ОВАА МАНЕКЕНКА НА 18 ГОДИНИ БИЛА НА ОСТРОВОТ на ЕПСТАЈН ПОТОА СЕ САМОУБИЛА: Она што го доживеала таму е…

Казахстанско-руската манекенка Руслана Коршунова го шокираше светот кога во 2008 година скокна од прозорецот на станбената зграда во која живееше, оставајќи зад себе тајна која и …
Конечно признаа! Еве за што размислуваат мажите после с*ксот – една работа особено ги загрижува

Иако често мажите велат дека за време на сексот и после него не размислуваат на ништо и се концентрираат на уживањето, сепак некои истражувања го докажуваат …

Кривичниот совет по жалба на обвинителството му го укина куќниот притвор и донесе решение за замена на мерката куќен притвор со мерка активен притвор. Од МВР, судот е известен дека во моментот кога го побарале на адресата на која бил пријавен за издржување на домашен притвор, не е пронајден, по што судот издал наредба за распишување на централна потерница.

Гури беше пуштен од притвор во Шутка во домашен притвор неколку дена пред Нова година, поради здравствени проблеми. Но по речиси 10 дена издржување притвор во домашни услови,Кривичниот совет ја преиначи одлуката, а Гури избега. Сега полицијата го бара со потерници, но од судот кој му го додели решението за куќен притвор не кажуваат дали со оваа мерка биле донесени и дополнителни мерки на претпазливост, за одземање пасош.

МВР презема мерки и активности за пронаоѓање на лицето, е краткиот став на полицијата.

Гури беше уапсен во јули минатата година поради вмешаност со даночни измами, заедно со уште 15 други бизнисмени и инспектори од УЈП, дека переле пари, правеле даночни измами и за делото злосторничко здружување.

Во “Титаник 3” во 2017 година доби обвинение за уништување изборен материјал, односно дека на локалните избори во 2013та менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Гури беше истакнат активист на ДУИ, но му откажа поддршка на Ахмети и се приклучи на партијата на Изет Меџити, Демократско движење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK