ноември 23, 2024

Вчера, на 6 јануари 2024, В.С. (65) од Прилеп го убил братот на сопругата при расправија за време на семеен собир. Денеска СВР Битола поднесе кривична пријава по брза постапка против сторителот. Починатото лице е со иницијали П.Р. (63) од селото Шивец, кавадаречко. Според извештајот на МВР, на 06.01.2024 во 17.15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Според изјави на сведоци, било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба. Во 19.35 часот, по наредба на Јавен обвинител, В.С. е лишен од слобода и при извршен службен разговор го признал делото „убиство“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK