мај 3, 2026

Рускиот воен новинар Александар Рибин (38) е пронајден мртов во окупираниот украински град Мариупол, откако изјавил дека е подготвен да открие голема измама.

Неговото тело е пронајдено на страната на патот во близина на градот Шахти во Ростовската област.

НАТО се изјасни за враќање на задолжителниот воен рок во Србија

Канцеларијата за врски на воената мисија на НАТО во Белград соопшти дека прашањето за враќање на задолжителниот воен рок во Србија е прашање …
Украинскиот град Харков се подготвува да го отвори своето прво подземно училиште

Градот Харков во Источна Украина, кој редовно е цел на руските напади, во март ќе го отвори своето прво подземно училиште, јави ДПА. …

Ова е уште една во низата мистериозни смртни случаи на критичарите на рускиот претседател Владимир Путин.

Непосредно пред неговата смрт, Александар беше во Мариупол каде го критикуваше режимот на Путин, изјавувајќи дека Кремљ не е способен да го обнови тој град.

Александар, кој претходно ја поддржуваше руската анексија на Донбас, рече дека е подготвен да разоткрие голема корупциска измама.

„Тука има огромни пари и големи можности за корупција. Мој личен впечаток е дека овде има многу корупција, особено откако руската армија го окупираше градот во пролетта 2023 година“, рече тој.

Потоа вети дека ќе зборува повеќе за тоа во новото издание на своето списание кога ќе се врати во Москва, но никогаш не стигнал таму.

Руските медиуми јавуваат дека обдукцијата покажала дека Александар починал од кардиомиопатија.

За време на анексијата на Крим, Александар беше на страната на Кремљ, но во меѓувреме се разочара од таканаречената „руска пролет“.

Александар бил руски новинар, кој во текот на својата кариера многу патувал и известувал за бројни руски медиуми од Блискиот Исток, Турција, Естонија, Иран, Авганистан, Узбекистан, Таџикистан и други земји.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK