Рускиот бизнисмен Александар Бузаков, кој беше шеф на познатото бродоградилиште „Адмиралит“, е пронајден мртов.
Многумина се сомневаат дека ова е уште една мистериозна смрт на руски функционери и истакнати личности, бидејќи сè уште не се разјаснети околностите под кои тој починал.
Веста за неговата смрт ја потврдија и од компанијата со која тој раководеше.
Бузаков 11 години беше првиот човек на бродоградилиштето што произведува подморници.
Под негово водство биле изградени и подморници способни да лансираат ракети со поголем калибар, а според руската војска тие биле користени во војната во Украина.
Бузаков имаше 66 години.
Следете не, не има насекаде