мај 3, 2026

Реал Мадрид синоќа во Ријад, по 120 минути игра го победи Атлетико со 5:3 и се пласира во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Овој натпревар никогаш нема да го заборави најдобриот играч на Атлетико, Антоан Гризман. Во Ројад, тој стана најдобриот стрелец во клупската историја.

Францускиот ас, во 37.минута, изведе брилијантна соло акција, ги фрли на тревата Модриќ и Ридигер и од работ на шеснаесетникот со десна го совлада Кепа.

Тоа беше негов 174 гол за Атлетико, на вечната листа го мина легендарниот Луис Арагонес и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

The post (Видео) Антоан Гризман стана најдобар стрелец во историјата на Атлетико appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK