мај 3, 2026

Фудбалерите на Осасуна незадоволни го напуштија Ријад, каде се игра Ф4 турнирот во Суперкупот на Шпанија. Од таборот на клубот од Папмплона се со став дека биле брутално ограбени во дуелот со Барселона.

Барселона, синоќа, ја победи Осасуна со 2:0, со головите на Левандовски во 59. и Јамал во 93.минута.

За играчите на Осасуна спорен е првиот гол, убедени се дека му претходеше фаул од Кристенсен врз Арнаиз.

„Видовте се. Видовте колку вакви ситуации и фаули се судеа во корист на Барселона, особено во првото полувреме. Сè е јасно. Случајно или не, секогаш истиот тим профитира. Требаше да го напуштиме теренот. Суперкупот постои за да играат Реал и Барселона, ние останатите сме тука за да ја пополниме бројката“, изјави дефанзивецот на Осасуна и шпански репрезентативец, Давид Гарсија.

Барселона во недела од 20 часот за пехарот ќе игра против Реал Мадрид.

The post Давид Гарсија: Брутално сме ограбени против Барселона, требаше да го напуштиме теренот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK