Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји истакна дека соработката меѓу Пекинг и Москва не е антагонистичка и не е насочена против трета страна.
Кинеско-руските односи се цврсти како камен и не се менуваат под влијание на нестабилната меѓународна ситуација, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на симпозиумот посветен на кинеската дипломатија.
„Односите што се одржуваат меѓу Кина и Русија се цврсти. Тие не се наклонети кон мешање на трета страна ниту пак се провокативни, а големите промени не им штетат“, рече министерот Ванг, пренесе ТАСС.
Шефот на кинеската дипломатија нагласи дека соработката меѓу Пекинг и Москва не е антагонистичка и не е насочена против трета страна.
„Кина и Русија се цврсто решени против хегемонијата и против нова студена војна“, рече тој и посочи дека двете земји проактивно ја подобруваат билатералната соработка, справувајќи се со заеднички стратешки интереси, со взаемна доверба.
Ванг рече дека трговскиот промет меѓу Кина и Русија е на ниво од околу 200 милијарди долари годишно и ја нагласи важноста од големи билатерални проекти кои се реализираат со заеднички напори.
Следете не, не има насекаде