мај 3, 2026

Американските граѓани кои патуваат во Колумбија се предупредени да не користат апликации за запознавање во земјата по сомнителната смрт на осум американски туристи за само два месеци. Американската амбасада во Богота објави дека некои од жртвите биле дрогирани и ограбени откако запознале луѓе што ги запознале на апликациите, јавува BBC.

13.јануари.2024НАЈУБАВАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА МИС СКАПО ЈА ЧИНЕЛА ЕДНА ГРЕШКА: Заработувала 3.000 долари дневно а потоа …

Некогаш Бернарда Маровт на неколку анкети беше прогласена за најубава девојка која некогаш ја имала Југославија. Таа беше на пат да стане Мис на светот, …
13.јануари.2024Скандал во Англија: Жената го исфрлила Кајл Вокер од дома, причината е неговото неверство

Пред две години Кајл Вокер, десниот бек на Манчестер Сити се ожени со Ени Килнер, неговата долгогодишна девојка, но тој брак многу брзо се распадна. …

Инцидентите се случија во градовите како Меделин, Картагена и Богота каде американскиот туризам зеде замав. Криминалците користат апликации за да ги намамат жртвите на јавни места како ресторани и барови каде што можат да ги нападнат, ограбат, па дури и да ги убијат, предупреди амбасадата.

Во последните три месеци од 2023 година, бројот на грабежи на странски посетители се зголеми за 200 отсто, а смртните случаи за 29 отсто, вклучително и осум Американци кои починаа меѓу 1. ноември и 31. декември.

Една од жртвите бил и американскиот комичар и активист Ту Гер Ксионг (50 г.), Американец со азиско потекло кој живеел во Минесота. Тој бил на одмор во Колумбија на крајот на ноември кога бил киднапиран и убиен откако запознал жена на Интернет и отишол на состанок со неа. Бројот на странски жртви на ваквите злосторства би можел да биде поголем отколку што покажуваат бројките.

„Овој вид на криминал рутински недоволно се пријавува бидејќи на жртвите им е непријатно и не сакаат да го продолжат судскиот процес. Оние кои ќе се обидат да дадат отпор или да возвратат имаат поголеми шанси да бидат убиени“, предупреди амбасадата на САД.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK