мај 3, 2026

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје. Вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот.

Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK