мај 3, 2026

Пожар избувнал денеска во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила. -Опожарен е стан на првиот кат на бул. АСНОМ број 68. Интервенирано е со три Противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета, изјави за МИА командирот на ППБ на Град Скопје Звонко Томески. Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK