Поранешниот уругвајски репрезентативец Фабијан О’Нил (49) почина денеска во Монтевидео, објавија локалните медиуми.
О’Нил утринава заврши во болница во Монтевидео и, за жал, оттогаш се бореше за живот но не се избори.
Пред две и пол години почна да има сериозни здравствени проблеми.
Инаку, тој беше офанзивен играч за врска и за Уругвај играше 19 пати и постигна два гола.
Кариерата ја започна во уругвајскиот Национал, а потоа се докажа во италијанскиот Каљари.
Тој се пресели во Јувентус во 2000 година, но во клубот од Торино остана само една година, по што замина во Перуџа, па во Каљари. Кариерата ја заврши во 2003 година во Национал.
По играчката кариера мораше да работи како келнер во Монтевидео, а и самиот призна дека потрошил 14 милиони долари поради коцкање и жени.
Парите ги потрошил и на алкохол и на ноќи во Италија, додека признал и дека наместил два меча во Серија А.
Следете не, не има насекаде