мај 4, 2026

Торонто Репторс и Индијана Пејсерс договорија трејд во кој главна ѕвезда е крилниот играч Паскал Сијакам.

Брус Браун, кој минатата година со Денвер ја освои титулата во НБА лигата, а од стартот на оваа сезона настапува за Индијана, наскоро ќе стане член на Торонто Репторс.

Џордан Нвора доаѓа во Канада со искусниот бек, а Торонто добива и три драфт пика од првата рунда од Индијана.

Во спротивна насока оди Паскал Сијакам, Камерунецот важеше за најдобар играч на канадскиот тим.

Во трејдот е вклучен и Њу Орлеанс, од чии редови Киера Луис оди во Торонто.

The post Паскал Сијакам се сели во Индијана appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK