мај 4, 2026

Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон потпиша две и пол годишен договор со Ајакс.

Тој во Амстердам дојде како слободен играч, откако по само шест месеци спогодбено се раздели со Ал-Етифак.

Тренерот на тимот Џон ван Шип е задоволен од потписот на 33-годишниот играч од средниот ред.

Ајакс се наоѓа на петтата позиција во холандскиот шампионат, а викендов ја пречекува екипата на РКЦ Валвијк.

Хендерсон нема да има право да игра на тој натпревар, но ќе дебитира во наредната рунда.

The post Хендерсон потпиша договор со Ајакс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK