Кинеската компанија Yammy Technology создаде масичка за кафе која е и голем компјутерски екран.
Овој 4K екран на допир има дијагонала од 43 инчи и работи на оперативниот систем Андроид. Секако, може и да се навалува за полесно да го користите.
И покрај софтверот, производителот вели дека овој уред (наречен Nxtabl) е водоотпорен, а екранот е обложен со материјал отпорен на гребење.
Дизајниран е да заштеди простор во малите станови, а имајќи предвид дека на него може да се инсталира било која Android апликација, може да се поврзе и со телефон или таблет бидејќи има доволно порти за тоа.
Има и HDMI влез, како и Bluetooth и WiFi 6. Може да биде особено корисен при играње видео игри, а може да го користат и до шест играчи во исто време.
The post Масичка за кафе и уред со Android во исто време: дијагонала од 43 инчи, поддржува и видео игри appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
