мај 5, 2026

Австриското Министерство за внатрешни работи денеска предупреди на значително зголемување на бројот на крајно десничарски екстремисти во земјата, иако точниот број е тешко да се процени.

Словенечката агенција СТА објави дека двајца мажи биле уапсени во две одделни операции против десничарскиот екстремизам во Австрија.  Поради наводна вмешаност во меѓународната супремацистичка група „Feuerkieg Division“ неодамна бил уапсено 20-гоишно момче. Тоа во моментов се уште е во притвор, а истрагата е во тек. Агенцијата додава дека во друга акција уапсен е и 40-годишен маж поради наводна поддршка на нацистичката идеологија.

Израелскиот министер за одбрана најави проширување на нападите врз Хан Јунис

 – Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека израелската војска ќе ги прошири […]

(Документи + Видео) Коњановски и Мицкоски го позлатиле Стентон Градба: ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА на граѓаните завршиле во фирма за која ДПМНЕ тврдеше дека е блиска со СДСМ

„Како е возможно на толкави тендери вредни 1,8 милиони евра, да биде пријавен само […]

Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57 163 денари, соопшти […]

Koвачевски: Не постои светска пракса да предложите министри, а некој друг да ги поддржува вашите министри

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека техничката влада е законска обврска и политичките партии од […]

Австрија предупредува на значителен пораст на екстремната десница

Австриското Министерство за внатрешни работи денеска предупреди на значително зголемување на бројот на крајно […]

Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, овие акции ги смета за важен успех во борбата против десничарските екстремисти. Министерството предупреди на очигледно поголема зачестеност на овие групи, иако е тешко да се процени точниот број на нови поддржувачи.

Во Австрија најголемиот предизвик на полето на десничарскиот екстремизам е таканаречената Нова десница, особено идентитарното движење и групата ДО5, која ја зајакна својата структура главно на сметка на минатите кризи, вклучително и пандемијата на Ковид-19, војната во Украина и инфлацијата, оценува министерството.

Лидерот на австриското идентитарно движење, Мартин Селнер, неодамна потврди дека присуствувал на состанокот во Потсдам во ноември, на кој учествувале и претставници на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). На состанокот се разговарало за план за масовна депортација на луѓе од Германија, неодамна откри германскиот непрофитен истражувачки институт Коректив.

По ова шокантно откритие во германските градови редовно се одржуваат протести против десничарските екстремисти, на кои се собираат стотици илјади луѓе. 

За во петок е најавен и протест во Виена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK