За влакно беше избегнат инцидент во просториите на Советот на Град Скопје откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за субвенции за ЈСП со што практично ги оставија вработените во претпријатието без плата.
Израелскиот министер за одбрана најави проширување на нападите врз Хан Јунис
Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари
Австрија предупредува на значителен пораст на екстремната десница
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук сподели видео од настанот и го праша претседавачот со Советот, Трајко Славевски, зошто не му одговори на господинот од синдикатот и зошто беа од работниците во ЈСП.
– „Претседателе“ Т.Славевски, одговори му на господинот од синдикатот. Зошто бегаш?
Мицкоски, одговорете им на луѓето зошто бегате?
Одговори им на граѓаните за тероризирањето на градот?
Вие од ВМРО-ДПМНЕ, одговорете дали добивте доволно политички поени за да се смилувате да им дадете плата на вработените?
Поради вакви како вас, довербата во политичарите е на минимално ниво. Поради вакви како вас, згадено им е на граѓаните од политика.
Срамота. – напиша Арсовска на Фејсбук.
Следете не, не има насекаде
