мај 5, 2026

Јаник Синер ќе му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен. Четвртиот носител на турнирот до полуфиналето стигна без загубен сет. Во четвртфиналето го совлада Андреј Рубљов со 6:4, 7:6, 6:3. Мечот траеше два часа и 39 минути.

Спектакуларен меч, кој заврши 90 минути по полноќ, по австралиеско време, одиграа Синер и Рибљов. Италијанецот победи бидејќи подобро ги одигра клучните поени и бидејќи Рубљов не искористи ниту една од осумте брејк топки.

Синер по еднаш му го одзеде сервисот на противникот во првиот и третиот сет. Интересно тоа го правеше во шестиот гем, во ситуација кога Рубљов имаше 40:15.

Ментална сила Синер покажа во тај-брејкот во вториот сет кога од 1:5 дојде до 7:5 и предност од 2:0 во сетови.

Утре во Мелбурн на програмата се последните два четвртфинални натпревари Медведев-Хуркач и Алкараз-Зверев.

The post Синер закажа полуфинале против Ѓоковиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK