мај 5, 2026

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател, денеска се соочува со Ники Хејли, последната пречка што му стои на патот да ја добие републиканската претседателска номинација.

Би-би-си јавува дека во сојузната држава Њу Хемпшир се одржуваат внатрепартиски избори на Републиканската партија , каде поранешниот шеф на Белата куќа се надева дека ќе му зададе „нокаут“ на поранешниот гувернер на Јужна Каролина.

Четири хороскопски знаци кои не знаат како да ги контролираат своите емоции
Јордан дигна неколку авиони во воздух: Извршени се моќни воздушни напади, има мртви, меѓу нив жени и деца!
Тамара Ѓуриќ го покажа новото деколте! Ги извади огромните силикони и сега изгледа бомбастично
Очите на светот се вперени во Њу Хемпшир и дуелот меѓу Трамп и Хејли: Дали е ова најголемото изненадување!?
Украина, очекувано, му кажа „не“ на словачкиот премиер: Нема компромис со територијалниот интегритет

Хејли се надева дека независните гласачи во Њу Хемпшир ќе и’ помогнат да дојде до неочекувана победа.

Овие внатрепартиски избори доаѓаат по убедливата победа на Трамп на републиканската група во Ајова минатата недела.

Кандидатот кој ќе ја добие претседателската номинација на Републиканската партија, според сите пресметки, ќе се соочи со Џо Бајден, демократскиот претседател на САД и веројатниот кандидат на таа партија, на ноемвриските избори.

Доколку Бајден (81) и Трамп (77) влезат во дуелот, тоа би било реприза на нивната изборна битка од 2020 година.

Трамп имаше двоцифрена предност пред Хејли во анкетите пред Рон ДеСантис , гувернерот на Флорида, ненадејно да одлучи да се откаже од трката и да го поддржи Трамп во неделата.

На митингот што го одржа синоќа во Лаконија, Њу Хемпшир, Трамп рече дека за Хејли треба да гласаат оние кои „сакаат кандидат за губитник кој ќе ја стави Америка на последно место“ .

Тој, исто така, им рече на толпата дека „глобалистите и комунистите од радикалната левица“ ги убедуваат либералите да гласаат за Хејли на републиканските внатрепартиски избори.

– Сакаат таа да им биде противкандидат бидејќи е толку лесно да се победи – рече Трамп.

Иако практично цел Њу Хемпшир гласа денеска, мал град наречен Диксвил Ноч веќе гласаше на полноќ во децениска традиција таму.

Се вели дека сите шест регистрирани гласачи во тој зимски центар ја избрале Хејли наместо Трамп.

Хејли го одржа собирот пред Трамп и рече дека е преокупирана со правните постапки што му претстојат оваа година, врз основа на обвиненијата за кои тврди дека се политички прогон .

– Кога го слушате Трамп како зборува, за што зборува? Се кае за минатото. Спомнува одмазда. Бајден зборува за истраги. Ниту еден од нив не зборува за иднината. Ова го правам затоа што… Не сакам моите деца да живеат така – рекла Хејли.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK