септември 21, 2024

Во големата вчерашна акција на ГП Табановце биле уапсени командир, заменик командир и осум полицајци, објави „А1он“.

Претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот.

Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд, пишува порталот.

Уапсените негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. Од МВР официјално се уште се немаат огласено во врска со случајот, а се очекува деталите да бидат изнесени денеска.

The post Уапсени командир, заменик и осум полицајци на Табановце, криеле пари во кутии од цигари appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK