мај 5, 2026

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, велат СДСМ во партиско соопштение.

– Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски.

Но, ниту еден нема зад себе некаков резултат. Напротив.

„Плусинфо“ јавно се извини на ЈСП за текст!

ЈСП Скопје упати допис до Редакцијата на Плусинфо, во кој бара јавно […]

Зеленски: „Украина ќе инсистира на меѓународна истрага за авионската несреќа во рускиот регион Белгород“

– Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека ќе инсистира на меѓународна истрага […]

Вељановски: Јас заработувам од лажење!? Чудна изјава од советникот во Карпош

Членот на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Вељановски, […]

Ученик убил ученичка! Полицијата трага по средношколецот!

Во средно училиште во Германија дошло до конфликт меѓу ученик и ученичка, при […]

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, велат СДСМ во […]

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје а потоа и разрешен.

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра.

Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник.

Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува.

Трипуновски како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Почитувани граѓани,

Заклучокот е едноставен: ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

Бидејќи Мицкоски најави вчера дека работата на техничката Влада планира да биде хорор му порачуваме:

Неговиот обид за хорор ќе биде поразен а на 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ! – велат од СДСМ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK