мај 5, 2026

Специјалните единици на МВР со помош на обвинителството во денешната акција во скопско , го обезбедија лицето Ш.М, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски на прес конференцијата прецизира дека акцијата е спореведена во соработка со ЕВРОПОЛ, односно колегите од Франција, Белгија и Холандија.

Станува збор з аорганизирана група, која работела меѓународно и тоа вршела шверц на кокаин од земји во Јужна Америка, како Еквадор, Бразил, Перу и Боливија , за потоа дрогата да ја препродаваат на европските пазари.

Оваа криминална група е поврзана и со нарачани убиства, за што има доволно прибавени докази, рече Спасовски и додаде дека тоа се однесува на криминал извршен од 2019- до 2021 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK