мај 5, 2026

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Микаела Шифрин, најверојатно ја заврши сезоната. Американката доживеа тежок пад на почетокот на трката во спуст во Кортина д’Ампецо.

По тешкиот пад, Микаела успеа да стане со помош на штеките, но потоа со хеликоптер е пренесена во најблиската болница на детални прегледи.

Во моментов се знае дека се работи за повреда на коленото.

Поради повреда на коленото, нејзината голема ривалка Петра Влхова, ги скина лигаментите на коленото на трката во Јасна, Словачка, и предвреме ја заврши сезоната.

Спустот во Кортина беше прекинат, а наскоро се очекуваат подетални информации за повредата на Микаела.

The post Крај на сезоната за Микаела Шифрин? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK