мај 5, 2026

Наум Поцев од Крива Паланка, кој го извади светиот крст од Крива река на Водици, на семејството Младеновски од градот, им го донираше телевизорот што го доби како награда од општината на верскиот празник Водици.

Заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашо Митовски, го посетија семејството Младеновски, Игор, лице со даунов синдром и неговата самохрана мајка, Рушка.

– Посакувам здравје и радост за сите, а најголема радост ми претставува тоа што можам да израдувам некој друг, во случајов, Игор и навистина од срце го донирав телевизорот, рече Поцев.

И градоначалникот на Крива Паланка, Митовски рече дека хуманоста е тоа што нè одликува како луѓе.

– Секогаш треба да владеат грижата за заедницата и да се реализираат хумани дела, порача Митовски.

The post Го фати крстот на Водици во Крива Паланка па поклонот го донираше на лице со Даунов синдром appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK