Во повеќето градови, ако не и во сите во Македонија, имаше украсување на централните подрачја. Некои подобро, други полошо, но сите се обидоа, пред се за најмладите да направат убава празнична приказна.
Сепак, приказната која ни доаѓа од еден град од државата, можеби е вистинска реткост и во светот, кај нас вакво нешто не се памети. Украдена е елката која била поставена да го украсува градот?!
Според информациите до кои дојде порталoт spress.mk, новогодишната елка која била поставена да го разубави Радовиш ја нема. Таа исчезнала преку ноќ.
Од сигурни информации дознаваме дека елката синоќа (сабота вечер) била на местото каде е поставена. Сепак, утрината во неделата околу 14 часот ја нема. Првичните информации се дека е украдена.
Но, покрај оваа шпекулација, се појави и друга, која не е потврдена. Наводно, фирмата која била задолжена за украсување ја повлекла елката, откако од оштина Радовиш не им биле исплатени средства.
Наскоро очекување и официјален став од лицата задолжени за тоа, по што истите ќе ги пренесеме.
Извор:Spress.Mk
The post Украдена новогодишната елка во Радовиш?!? appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде