септември 19, 2024

Редовната медитација дава многу придобивки, и ментални и физички, како што се намален стрес и анксиозност, подобрена самосвест и подобар сон. И ние веруваме дека секој ги има тие 12 минути дневно што може да ги одвои за тоа.

„12 до 12“ е веќе препознаена како медитација која ќе доживее голем успех во 2024 година и како еден од најголемите велнес трендови.

Експертите откриле дека само 12 минути  дневно би можело да биде доволно за да се намали нивото на кортизол, што придонесува за зголемен стрес. Многу велнес практичари го поддржаа овој таканаречен магичен број, а Apple дури лансираше цела серија на подкасти, 12 минути медитација, посветена на уметноста на медитација во соработка со Mindful.

„Најновото научно истражување открива дека 12 минути медитација дневно носи придобивки како што се зголемено внимание, фокус, креативност, смиреност, еластичност и сочувство“, вели Apple и пишува Harpers Bazzar. „Со нова медитација за внимателност секоја недела, 12-минутната медитација ве поканува да ги внесете придобивките од внимателноста во вашиот секојдневен живот“.

Сепак, како и со секоја нова навика, доследноста е клучна. Односно, регуларноста на практиката што ја воведовте.

Исто како и со вежбањето, конзистентноста го победува наизменичниот интензитет. Во истражувачките лаборатории, тие откриле дека многу големи придобивки започнуваат во рок од три минути по медитација. Умот и телото почнуваат да се опуштаат и многу брзо ја ослободуваат насобраната напнатост, па дури можат да влезат во состојби кои се порелаксирачки за телото од самиот сон. Целта е да бидете доволно дисциплинирани за да воспоставите навика, но да не бидете опседнати со совршенство.

12-минутна медитација: Како е да ја правите?
Како да медитирате 12 минути еднаш дневно?
Пробајте две минути медитација за една недела, а потоа зголемете на три минути следната недела. Најдете мирно место и време, на пример пред спиење или веднаш по будењето бидејќи во тој период од денот има помалку одвлекување на вниманието. Тоа е и совршен начин да се опуштите или да се подготвите за тој ден.

Како да медитирате 60 секунди на секој час?
Ставете ги прстите на пулсот, затворете ги очите и прилагодете го дишењето за да одговара на чукањето на срцето. Комбинирајте ја медитацијата за отчукувањата на срцето со дишењето за постепено да го забавите вашиот забрзан пулс. Вдишете четири отчукувања, држете четири отчукувања, издишете четири отчукувања, држете четири отчукувања.

Дури и 60 секунди фокусирана медитација може да биде доволна под услов да ви премине во редовна навика.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK