септември 19, 2024

Корисниците на Нетфликс се воодушевени од акционата комедија од 2022 година, која неодамна пристигна на сервисот за стриминг. Станува збор за филмот „Изгубениот град“ во кој главните улоги ги толкуваат Сандра Булок и Ченинг Тејтум. Заедно со нив, во филмот се појавуваат и познати актери како Бред Пит и Даниел Редклиф, кој е главниот негативец во филмот.

Акционата комедија зборува за писателката Лорета Сејџ, која е киднапирана додека ја промовира својата нова книга, и завршува во вистинска животна авантура, сосема непланирано. На спасување на Лорета доаѓа Алан (Ченинг Тејтум), инспирација за главниот лик во нејзините книги, кој е сосема поинаков од измислениот лик базиран на него.

По неговата премиера во 2022 година, филмот беше оценет со 79 отсто од критичарите и 83 отсто од публиката на „Rotten Tomatoes“. Како најголем плус на филмот, критичарите ја истакнаа смешната и симпатична врска помеѓу главните ликови, Лорета и Алан, како и голем број други споредни ликови кои придонесуваат за хуморот на целата приказна.

Оваа комедија е одличен филм за опуштање, а се чини дека така мислат и гледачите на кои филмот им е многу забавен. Тие го споделија своето мислење за Х, а ова се дел од коментарите за филмот.

“Само што го гледав „Изгубениот град“ на Нетфликс. Ако сакате да гледате нешто лесно и едноставно со хумор, погледнете го овој филм. „Изгубениот град е урнебесен“, има совршена актерска екипа и сценарио. По гледањето на филмот , ќе се чувствувате одлично“.

“Ако ме прашувате мене, ова е идеалниот филм за опуштање. Ова е веројатно еден од најсмешните филмови што сум ги гледал во последно време. Би сакал да гледам продолжение на овој филм. Ако барате нешто забавно да гледате и да се опуштите, „Изгубениот град“ е филмот за тебе“, се дел од коментарите на Х.

The post Комедијата на Сандра Булок пристигна на „Нетфликс“: идеален филм за релаксација, пишуваат луѓето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK