септември 20, 2024

Големиот еротски центар на неколку ката, чија изградба е планирана во Амстердам, е на удар и е опишан како „еротски затвор“ – како оние што постоеле во 16 век, во кои жените биле масовно искористувани за сексуално задоволство, пишува Dutch News.

На средбата со граѓаните во Градското Собрание, која траела повеќе од три часа, повеќето од над 40 лица кои се јавиле да зборуваат, кажале дека се против отворањето на еротскиот центар.

Мајката на 4 годишното девојче хоспитализирано во тешка состојба, осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за […]

ФОТОВИДЕО | Најсилното невреме во последните 30 години го погоди северот на Европа: Погледнете како изгледа Норвешка по бурата “Ингун“

Бурата „Ингун“, со удари на ветер од повеќе од 193 километри на час, ја […]

Бунт на сексуалните работнички против новиот европски мегабордел во Амстердам: “Тоа е всушност еротски затвор!“

Големиот еротски центар на неколку ката, чија изградба е планирана во Амстердам, е на […]

Нов Зеланд најави дополнителни 5 милиони долари хуманитарна помош за Палестина

– Нов Зеланд, кој им се придружи на САД и Велика Британија во прекинувањето […]

Иран: Американските напади во Сирија и Ирак се „ризична стратешка грешка што ги зголемува тензиите во регионот“

 – Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди синоќешните американски воздушни напади во Ирак […]

Во декември, градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема, ја препорача локацијата во Зуид како најдобра локација за мултиплекс со 100 прозорци за проституција, забава и еротика. Намерата на планот е да се обезбедат повеќе безбедни простори за сексуална работа, да се подобрат условите, да се намали криминалот и трговијата со луѓе и да се намали непријатноста.

Неколку сексуални работнички изјавија дека се загрижени дека проституцијата дополнително ќе биде стигматизирана доколку биде исфрлена од историскиот центар на градот и дека ќе бидат во дополнителна опасност кога патуваат до и од работа.

Мариска Мајор, поранешна сексуална работничка и портпаролка на група која се противи на планот, вели дека идејата воопшто не била добра.

„Проституцијата со излозите на улица многу се разликува од онаа во затворен еротски центар. Таа локација е темна ноќе. Ќе има повеќе стигма и поголема опасност. Загрижена сум дека жените ќе бидат пречекани од злобни мажи на пат од работа до дома“, вели таа.

Сепак, таа додава дека се потребни повеќе места за вршење сексуална работа бидејќи бројот на такви места значително се намалил во последните години.

Други сексуални работници велат дека местото ќе биде како затвор.

„Сексуалните работници прво се преселија од вратите до прозорците, а сега во сегрегиран центар на работ на градот, далеку од очите, далеку од мислата“, вели една сексуална работничка.

Хуб Нелис, директор на блиското деловно училиште „Колеџ Зуид“, вели дека сите тие се загрижени поради зголемувањето на криминалот, на пример, справувањето со такво место што може да привлече многу ранливи млади студенти.

„Нашите студенти не шетаат само до 17 часот, туку и подоцна навечер. Некои родители ќе речат дека нивното дете нема да оди таму, но за таа професија тоа е единственото училиште во Амстердам. Поради еротско задоволство, некои деца нема да можат да го добијат своето образование“, вели Хуб Нелис.

На истиот состанок, проектот бил опишан како мегаломански и лоша замена за 100-те прозорци во центарот на Амстердам, кои треба да се затворат.

Сепак, некои беа и за проектот. Ричард Џонс, сексуален работник, вели дека има потреба од поголем работен простор за малцинските сексуални работници, кои се принудени да работат дома и ризикуваат да бидат криминализирани.

„Луѓето кои велат дека не го сакаат тоа во нивното соседство, не сфаќаат дека тоа веќе им се случува на нивните сопрузи, на нивните пријатели, на самите нив“, веи тој и додава: „Во овој момент, нашите работни места се ваши домови“.

Еден жител на Амстердам, Мидас Местер, вели дека еротскиот центар ќе го оживее тој дел од градот и дека со отворањето на центарот, сексуалната работа конечно ќе се модернизира и повеќе нема да личи на борделите од некои минати времиња.

Оние на кои најмногу им пречат бурните туристи што прават неред во областа центарот, велат дека работите може да се исправат со затворање на евтините ресторани, хотелските соби и откажувањето на евтините летови до Амстердам.

„Сексуалната работа е дел од срцето на Амстердам“, вели архитектката Ана Торес, која дизајнираше алтернативен план за проширување на областа во центарот на градот и додава: „Зошто би сакале да го скинете тоа срце и да го ставите во кутија ?“.

Советниците, кои имаат задача да формулираат нова политика за проституција, за две недели ќе гласаат дали да се отвори еротски центар во Зуид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK