септември 20, 2024

Чави Ернандез, тренерот на Барселона, повторно жестоко ги нападна судиите.Тврди дека тие секогаш носат одлуки во корист на најголемиот ривал Реал Мадрид.

Пред десетина дена зборуваше по пресвртот на Реал против Алмери, а сега повторно се огласи.

„Дури и на натпреварот на Реал против Хетафе се случија работи кои не се нормални. Не можеме да влијаеме на нив, но сите ги гледаат. Со вакви судиски одлуки ќе ни биде многу тешко да ја одбраниме титулата“, изјави Чави.

Тренерот на Барса во заминување вели дека судиите се пристрасни кон Реал Мадрид.

„Тоа се случува недела по недела и сè им е дозволено. Тие влијаат на исходот на натпреварот. Слеп човек може да види што прават. Диего Симеоне пред некој ден рече дека сите мислат дека сме глупави. Ние не сме глупави, сите разбираат што се случува овде“, изјави Чави.

The post Чави за Реал Мадрид и судиите: Мислат дека сме глупави appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK