септември 20, 2024

Њукасл и Лутон одиграа спектакуларен натпревар во 23. коло од Премиер лигата, на крајот по 100 минути фудбал заврши без победник (4:4).

Њукасл двапати водеше, гостите двапати ја анулираа таа предност, потоа поведоа, па го зголемија тоа водство, на крајот и едните и другите го спасуваа нерешениот резултат.

Доколку играчите на двата тима беа малку попрецизни, овој натпревар можеше да биде еден од најефикасните во историјата на Премиер лигата.

Гостинскиот напаѓач Огбена во деветтата минута од судиското надополнување, по асистенција на одличниот Рос Баркли, не успеа да му ја донесе на победата на Лутон во овој навистина неверојатен меч.

Стрелци на мечот, кој без сомнение го обележа досегашниот тек од сезоната беа Лонгстаф (7, 23), Трипие (67), Барнс (73) за Њукасл и Ошо (21), Баркли (40) , Морис (59) и Адебајо (62) за Лутон.

The post (Видео) Спектакл во Њукасл, 4-4 по 100 минути фудбал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK