Совети за фенг шуи како да ја украсите новогодишната елка за 2023 година и да го средите домот – дознајте кои се правилата и што треба да избегнувате!
Полека се приближуваме до новогодишната ноќ, денот кога се слават новите почетоци, се шири позитивна енергија и позитивни вибрации се во воздухот. За време на новогодишните празници многу луѓе си ја украсуваат куќата, си го уредуваат просторот и ја прават што е можно попријатна целокупната атмосфера. Фенг шуи подразбира и одредени правила за уредување и декорации на домот за Нова година, особено кога станува збор за поставување на новогодишната елка.
Совети од фенг шуи експертите за уредување на куќата за Нова Година:
Исчистете го домот – Пред да влезете во новата година, време е да го исчистите домот од непотребни работи. Куќата треба да биде уредна, без премногу предмети, за да може поволно да циркулира енергијата во домот. Рециклирајте или донирајте сè што повеќе не ве радува, не помага или не ви служи.
Идеално место за НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА според правилата на ФЕНГ ШУИ
Направете позитивна атмосфера – Направете поволна атмосфера во домот, запалете свеќи, украсете ја куќата, пуштете музика. Нека сè навестува радост. Новата година е ден кога треба да избегнувате конфликти, важно е да се поврзете со блиски луѓе, да ја покажете вашата љубов и заедно да ги разбудите искрите на романса, среќа и заедништво.
Најдобрите подароци – Според фенг шуи, подароците за Нова година треба да бидат поврзани со здравјето. На пример, можете да му подарите на некој близок членство во теретана или базен, да платите за масажа или диета на нутриционист. Можете да подарите и облека, нешто меко, убаво и топло. Избегнувајте пари како подарок, подобро е тоа да е знак на внимание од срце кое има значење.
Фенг шуи за новогодишната елка – Најдобри бои за украсување на елката за 2023 година се црната, темно сината и светло сината, во согласност со енергијата на црниот воден зајак, во чиј знак следната година е според Кинески хороскоп. Совршени се за избор на облека и за избор на украси за елката. Најдоброто место за поставување новогодишна елка според фенг шуи се одредува според тоа што сакате да привлечете:
– Исток за семејна и здравствена среќа
– Југоисток да привлече богатство и среќа за финансиски успех
– Југ поради славата и угледот
Неповолната положба на елката е под скалите, во кујната, како и да се постави елката свртена кон тоалетот. Важно е да проверите дали функционираат светилките на елката. Избегнувајте да ја поставувате елката на таков начин што ќе го блокира патот до излезот од куќата, односно ќе го попречи слободното движење низ домот. Исто така, не претерувајте со украсите, одржувајте ги балансирано.