септември 21, 2024

Станиците за технички преглед во Скопје, денеска останаа без налепниците НМК за регистарските таблички иако МВР најави дека тие ќе бидат доставени утрово.

Екипа на 24инфо.мк беше во три станици за технички преглед низ Скопје каде ни беше кажано дека налепници НМК се уште немаат добиено.
Други медиуми објавуваат дека и во Куманово и во Велес, Охрид, Струга се уште нема доставено налепници за регистрации со ознаката НМК.

МВР и техничкиот министер претходно информираа дека денеска налепниците ќе ги има на сите технички центри во државата и иако се уште не знаат за колку возила се потребни, сметаат дека набавената количина ќе биде доволна за сите, а ако се појави недостиг ќе се набават и дополнителни количини.

Само помалку од два дена ќе имаат илјадници македонски возачи кои возат без кодот НМК да најдат и да залепат налепница со новиот код, имајќи предвид дека станиците за технички преглед најчесто не работат во недела, а саботата ја работат со скратено работно време.

Обврската за задолжително користење на кодот НМК на сите регистарски таблички стапува на сила в понеделеник 12 февруари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK