септември 21, 2024

Високиот руски безбедносен функционер, Дмитриј Медведев, во петокот кажа дека новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, роден во Русија, Олександр Сирски, е предавник, а Кремљ вели дека неговото назначување нема да го промени исходот од конфликтот во Украина, што Русија го нарекува „специјална воена операција“.

Интервјуто на Такер Карлсон со Путин руши рекорди на гледаност: “Глобална војна не доаѓа предвид!“

Американскиот ултраконзервативен и многу популарен новинар, Такер Карлсон, синоќа премиерно го прикажа […]

МЕДВЕДЕВ за новиот врховен командант на украинската Армија: Ми се гади, тој беше советски руски офицер, а сега…

Високиот руски безбедносен функционер, Дмитриј Медведев, во петокот кажа дека новиот врховен […]

ВОЛЦИТЕ ОД ЧЕРНОБИЛ РАЗВИЛЕ ПОСЕБНА МОЌ! Научниците анализираат примероци крв од мутанти: “Ова е шок без преседан!“

Волците мутанти кои талкаат по пустошите на Чернобил „создадоа“ нова суперсила која […]

Такер Карлсон пред интервјуто со Путин се сретнал и со човекот кого Вашингтон го смета за еден од своите најголеми непријатели !?

Американскиот новинар Такер Карлсон, наводно, се сретнал со поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден и […]

Вечерва „Тешки муабети“ со јавување во живо на гледачите!

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки муабети“ заедно со […]

Во четвртокот, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го смени популарниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, со генерал-полковник Олександр Сирски (58 г.), командант на копнените сили.

Олександр Сирски е роден во јули 1965 година во рускиот регион Владимирово, кој тогаш беше дел од Советскиот Сојуз. Како и многу луѓе на негова возраст во украинските вооружени сили, студирал во Москва, на Вишата воена командна школа. Тој служел во Советскиот артилериски корпус пет години, а во Украина живее од 1980-тите години.

Димитриј Медведев

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател кој сега е заменик на Советот за безбедност на Русија, го обвини Олександр Сирски, кој не служел во постсоветската руска Армија и дека ја прекршил заклетвата на својот офицер.

„Гледајќи ја биографијата на новиот врховен командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски, се чувствува омраза, презир, гадење“, напиша Димитриј Медведев на својот официјален профил на социјалната мрежа Телеграм.

„Одвратност кон човек кој бил советски руски офицер, но станал предавник, кој ја прекршил својата заклетва и им служи на нацистите, уништувајќи ги своите најблиски. Нека му гори земјата под неговите нозе!“, напиша тој.

Бандера се однесува на Степан Бандера, украински националист од Втората светска војна кој соработувал со нацистичка Германија во борбата против Црвената Армија. Некои Украинци го сметаат за борец за слобода, додека Русите го сметаат за предавник.

Кремљ соопшти дека не верува дека промената на врвот на украинското воено раководство ќе го промени исходот од конфликтот.

Во телефонски разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача:

„Сметаме дека тоа не се фактори кои можат да го променат текот на специјалната воена операција“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK