септември 21, 2024

Во техничката влада не може да има два опозициски субјекти. Ова беше образложението кое премиерот на техничката влада Талат Џафери го даде од собраниската говорница за предлогот за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијанса за Албанците.

Предложеното разрешување на двајцата министри, како што рече Џафери, не се однесува на нивните професионални квалификации со оглед на тоа што, како што додаде, ја знае нивната професионална подготвеност.

„Основата за разрешување се однесува на законската должност за состав на влада според Законот за владата. Во основите на Договорот од Пржино, учесници во Владата освен мнозинството се и припадници на најголемата опозиција во Собранието. Министрите чие разрешување се предложува, по објава на претседателот на Алијанса за Албанците на Фејсбук дека од тој момент ќе делуваат како опозиција и ќе ја поддржат опозицијата, се изјаснија дека стојат позади декларацијата на претседателот. Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во ссотав на владата и тоа е основната причина за што се предлага ова разрешување“, кажа Џафери образложувајќи го предлогот за разрешување на Меџити и Алиу.

Сепак, како што рече, крајната одлука по однос на предлогот ќе ја донесе Собранието.

Предлогот за разрешување на Меџити и Алиу уследи по расколот меѓу актуелниот и поранешниот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и Зијадин Села по однос на прашањето за настапот на партијата на претстојните избори.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK