септември 21, 2024

Техничкиот премиер Талат Џафери во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска рече дека тој не одлучил службениот мерцедес да биде паркиран на плоштадот Македонија кога во еден скопски ресторан отиде да го прослави првиот ден како претседателна Владата.

„Тоа беше пренос на функциите, па чинот требаше да се одбележи. Јас како премиер не водам сметка каде е паркирана колата. Веројатно тие од обезбедување не исплаирале добро каде ќе паркираат“, рече Џафери.

Во однос на пушењето во Собранието додека ја прославуваше функцијата прв премиер Албанец, повтори дека прифаќаказна.

„Но јас сум човек, свесен сум дека може да се опуштан и во момент на емоција може да направам нешто. Јас не сум активен пушач, но знам да запалам. Но тоа ми е грешка, ќе одговорам соодветно на одлуката на институцијата“, наведе тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK