септември 23, 2024

Ослободителна пресуда! После 6 години голгота, правдата победи! Вистината излезе на виделина, пишува поранешната пратеничка ВМРО-ДПМНЕ на друштвената мрежа Фејсбук.

Таа додава дека со 21 сведок и 7.179 докази, се срушија како кула од карти лагите и клеветите дека божем нешто сум злоупотребила, исто како што се сруши со години повторуваната лага дека сум била рекордер во земање на патни трошоци.

Наместо Oбвинителството да го докаже обвинението дека сум поднесувала лажни фискални сметки, јас докажав дека Oбвинителството како докази против мене имаше подметнато туѓи фискални сметки од други лица, прикажувајќи ги како да се мои“, додава Бонева.

Го побив обвинението дека не сум патувала на седници од Струмица за Скопје и докажав дека патував додека бев пратеник во тој период, a Собранието ми исплатило патни трошоци согласно закон, исто како и на другите пратеници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK