Неодамнешниот настап на Дара Бубамара беше многу весел, се до еден момент кога пијан гостин се качи на бината.
-Клубот беше преполн, таа имаше одлична забава до крајот, кога се случи инцидентот. Додека таа пееше, средовечен Црногорец се качи на бината, клекна пред Дара и ја запроси додека во раката држи бурма и црвена роза, рекол добро упатен извор за српски медиуми.
-Тој човек се тетеравеше, се гледаше дека има многу испиено, а бидејќи сцената беше мала, Дара немаше каде да се сокрие. Обезбедувањето го грабнало и почнале да го вадат од бината, бендот престанал да свири, а настанала гужва бидејќи пријателите на човекот почнале да се расправаат со обезбедувањето да го пуштат. Цело време викаа, па и тие мораа да бидат отстранети од клубот поради хаосот кој настана, рекол изворот.
Дара Бубамара запросена на настап: Пијаниот маж едвај стоел на нозе, но клекнал пред пејачката
Дара откри дека ова не е прв пат да доживее запросување среде настап.
-Само да кажам дека не ми е прв пат да ме запросуваат. Се надевам дека момчињата се добри и брзо ќе се отрезнат, рече Дара Бубамара.