септември 23, 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц, коментирајќи ја веста за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави дека Русија „повеќе не е демократска држава“.

Шолц ја опиша смртта на Навални како „депресивна“ и оцени дека било многу храбро што Навални се вратил во Русија од Германија, пишува „Зидојче цајтунг“.

Германскиот канцелар оцени дека Навални сега „веројатно со живот ја платил таа храброст“.

Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненецки на 48-годишна возраст.

Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти дека по прошетката, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250


Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK