септември 23, 2024

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 892 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,01%, а 58,99% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,33%, кон Итната медицинска помош 24.09%, а кон пожарникарите 8.39% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1.68% со другите 59,06% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 121 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека утрово има се уште само еден активен пожар на отворено од вчерашните. Имало вкупно 23 пожара на отворено во државата, пожарникарите 22 изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места во последното деноноќие.

Активен пожар на отворено, од вчерашните 23 има се уште на планината Китка, каде што се уште гори, најверојатно нискостеблеста вегетација, согласно последните информации во ЦУК. Конкретно Регионалниот ЦУК Скопје известува дека пожарот над с. Палиград (Општина Зелениково) што започна на ден 16.02.2024 година, се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми„ – подружница „Караџица“ Скопје известиле дека на терен имале една екипа, но теренот бил непристапен и не гаснеле, Од страна на РЦУК Скопје, за пожарот се известени во Општина Зелениково.

Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 23 пожари од вкупно 23-те на отворен простор на територијата на државата.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува за три изгаснати пожари на отворено во Скопско. Од 14.10 до 15.30 часот, имало пожар на ниска шума и вегетација во атарот на с.Јаболци кон с.Нова Брезница што бил изгаснат од страна на месно население (Општина Сопиште). БППЗ на Град Скопје, во текот на изминатото деноноќие имала други интервенции на отворено: од 13.35 до 15.35 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од околу 5.000 м2 во с. Долно Лисиче (Општина Аеродром); од 16.10 до 18.20 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена трска и ниска вегетација на површина од околу 3.000 m2 кај с. Ржаничино кон Таор (Општина Петровец). Исто така имала уште една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид интервеннирале на пет пожари на отворено: од 14:10 до 14:40 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале: на запалена ниска вегетација и стрниште на ул. „Бул Туристичка“ зад хотел „Дончо“; од 16:55 до 20:38 часот, со 2 ПП возила и 6 пожарникари интервенирале на запалена нискостеблести растенија, трње и ниска вегатација помеѓу с. Арбиново и с. Лактиње. ТППЕ Кичево, известува дека во период од 11.45 до 14.00 часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на запалено стрниште во с.Душогубица.ТППЕ М.Брод известува дека во период од 15.02 до 17.35 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ливада која зафатила и дел од станбен објект куќа во која никој не живее во Самков, место викано „Дреновец“. ЈП „Национални шуми“ – подружница Македонски Брод, известува дека во текот на денот со 1 теренско возило и 4 вработени интервенирале на запалена нискостеблеста шума помеѓу селата Преглов и Пласница.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Регионалниот ЦУК Штип, известува за изгаснати три пожари на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Штип интервенирале од 16:50 до 17:30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари на запалени палети во населба „Дузлак“ (Сонцев Град). ТППЕ Виница од 17:00 до 20:00 часот, со 2 ПП возила и 9 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, трска и стрниште на површина од 10 хектари во близина на оранжериите месноста „Горица“. ТППЕ Кочани, известува дека од 18.00 до 19.00 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена депонија во близина на с.Бање.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува за изгаснати три пожари на отворено: ТППЕ Куманово од 10.30 до 12.40 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на ул. „Бајрам Шабани“; од 17.30 до 20.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Ваксинце; ТППЕ Старо Нагоричане, од 17.30 до 20.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во Младо Нагоричане (Маало Поганци).

Регионалниот ЦУК Тетово, известува за три ПП интервенции на отворено, конкетно дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во 14.51 часот е добиена пријава за шумски пожар покрај патот за с.Шипковица. Национален парк „Шар Планина“, во период од 15.30 до 16.30 часот, интервенирала на истиот една екипа (4 ренџери). ТППЕ Гостивар од 15.00 до 16.00 часот, со 2 ПП возила и 6 пожарникари интервенирале на запален кров од викендица на патот за с. Врапчиште. ТППЕ Тетово, известува дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарникарите ги имале девет следни ПП интервенции на отворено: ТППЕ Прилеп од 12.20 до 12.55 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во месноста „Жабено Маало“; од 12.33 до 13.30 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на „Микросам“; од 15.00 до 17.15 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација помеѓу с. Браилово и с. Десово; Во период од 01.50 до 04.40 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума на патот кон с.Богомила (кај Стровија). Исто така во изминатото деноноќие имале уште два (2) помали интервенции. ТППЕ Крушево известува дека во период од 10.55 до 13.40 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара, ЈП „Национални шуми“ – подружница „Липа“ со 1 вработен и 1 жител интервенирале на запалена ниска вегетација во месноста Дивјани. Имале уште една (1) помала интервенција. ТППЕ Битола, известува дека во изминатото деноноќие имале и две помали интервенции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK