септември 23, 2024

Почнаа подготовките за сеидба на оризот во кочанскиот регион. Оризопроизводителите ги бараат субвенциите и за зелената нафта. Со цел да вложат во производството. Најавија дека до крајот на месец ќе одлучат и дали ќе излезат на протести.

Оризовата арпа се откупува од 37 до 38 денари за килограм. Од Националната мрежа на земјоделци велат дека доколку откупната цена паѓа и е под производната, во тој случај голем дел од оризопроизводителите ќе размислат дали ќе почнат со обработување на површините.

Земјоделците од Националната мрежа и понатаму бараат загарантиран откуп и откупна цена на земјоделските производи, а оризот да се прогласи за стратешка култура.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK