септември 23, 2024

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис заврши со убедлива победа на Источната конференција со резултат 211:186. Прв пат во историјата на овие настани еден тим да помине 200 бода.

Натпреварот го одбележаа особено голем број на удари за три поени. Тимот на Истокот постигна 42 тројки.

Исто така, се истакнаа неколку играчи, но најмногу Демијан Лилард и Тајрис Халибартон од Истокот, кои имаа по 10 шута за три поени.

Но, Лилард двапати постигна кош од центарот на теренот со што ја воодушеви публиката.

Лилард заврши со 39 поени, Џејлен Браун 36, а Халибартон 32 поени.

На другата страна најефикасен на натпреварот беше Карл-Ентони Таунс со дури 50 поени, а го следеше Шеј Гилџис-Александер со 31.

The post (Видео) Истокот со тројки го растури Западот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK