септември 23, 2024

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска кажа дека кандидатот за претседател од СДСМ ќе биде соопштен на крајот на овој или почетокот на идниот месец.

Ковачевски кажа дека претседателскиот кандидат ќе биде поддржан од сите коалициски партии, и покрај најавите дека ДУИ ќе оди со свој кандидат на претседателските избори.

„Јас кажав дека претседателскиот кандидат од СДСМ ќе го соопштиме на крајот на овој или почетокот на идниот месец. Тоа ќе биде кандидат кој ќе биде поддржан од сите прогресивни сили, и сите наши коалициски партнери. Колку претседателски кандидати ќе има, тоа ќе зависи од партиите, јас нема да се мешам, секоја политичка партија си има право да кандидира претседател. Дали ДУИ ќе го поддржи нашиот кандидат? Не знам, тоа треба да се праша ДУИ“, рече Ковачевски.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK