Рускиот пилот Максим Кузминов, кој со оклопниот хеликоптер Ми-8 пребегна во Украина, загина во Шпанија!
Кузминов (33) е пронајден со повеќе прострелни рани во гаража во крајбрежниот град Вилајос во близина на Бенидорм.
Информацијата ја пренесоа шпанските и руските државни медиуми.
На Кузминов наводно му била ветена награда од 500.000 долари за пребегнувањето со руски воен хеликоптер во Украина.
Пилотот е осуден во Русија како предавник.
Кузминов предизвика сензација кога во август 2023 година го приземји својот оклопен хеликоптер на воениот аеродром во регионот Харков. Украинското воено разузнавање подоцна откри дека таа го убедила да дезертира и дека Кузминов апелирал до другите пилоти да го следат.
– Контактирав со претставници на украинската разузнавачка служба, ја објаснив мојата ситуација, на која ми ја понудија оваа опција: „Ајде, ние ви гарантираме безбедност, гарантираме нови документи, гарантираме паричен надоместок, награда“ – изјави Кузминов за украинските медиуми на времето.
Британскиот таблоид Сан, пак, наведува дека тогаш се зборувало дека Кузминов имал 28 години, а за мажот, кој во неделата беше пронајден мртов во Шпанија, се вели дека имал 33 години.
Руските државни медиуми соопштија дека Кузминов наводно убил двајца од неговите членови на екипажот пред да слета во Украина.
По пристигнувањето во Украина, Кузминов го обвини Путин за геноцид поради „бруталното убиство“ на Украинците и Русите во несакана војна.
Следете не, не има насекаде