септември 22, 2024

Македонскиот пасош со старото име можеби сѐ уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче Веле објаснуваат дека со пасошот без новото уставно име на државата може да се излезе, но не и да се влезе во земјата.
Додаваат дека германските власти прават сѐ за да им ја олеснат ситуацијата на македонските државјани кои не успеале да извадат пасош со новото уставно име, а таа помош е во прв ред насочена кон заштита на нивните права.

Тоа значи дека македонските државјани можат да ги користат пасошите со старото уставно име за лична идентификација во Германија, но нема да можат да влезат во земјата доколку немаат нова патна исправа со името Северна Македонија.

Спротивно на вчерашната изјава на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека е срамота државата своите граѓани да си ги зароби дома, а патните исправи со старото име да важат во овеќе европски земји, меѓу кои ја наброја и Германија.

Македонското здружение „Централен совет на Македонците во Германија“ со седиште во Берлин, за време на викендот најави тужба против Македонија, доколку до 23 февруари властите не ја преиначат одлуката за важноста на пасошите со старото уставно име и доколку не се обезбеди побрзо издавање на нови пасоши.
Македонско здружение во Германија, најавува тужба против македонската држава доколку до 23 февруари не ја преиначи одлуката за важноста за пасошите со старото уставно име и не се обезбеди брзо издавање на нови пасоши.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK