септември 23, 2024

Лука Модриќ не е задоволен од статусот во тимот на Реал Мадрид, нема да го продолжи договорот и веројатно кариерата ќе ја продолжи на некое друго место. Сепак постои опција тој да остане во Мадрид.

Шпанците тврдат дека тренеорт Карло Анчелоти му понудил на Модриќ место во неговиот стручен штаб!

Тренерот го цени знаењето и лидерските способности на Модриќ, поради што смета дека би било извонредно доколку тој остане во стручниот штаб на крајот на сезоната во случај да реши да се пензионира.

Модриќ веројатно сè уште не размислувал во тој правец, а можеби сепак ќе му се допадне оваа улога.

Шпанските медиуми пишуваат дека фудбалерот не дал јасен одговор на понудата што ја добил од Анчелоти.

Хрватот пристигна во Реал летото 2012 година и оттогаш упорно повторува дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид.

The post Модриќ добил неочекувана понуда од Анчелоти appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK