септември 22, 2024

Додека градоначалникот Стојковски на Општина Ѓорче Петров ја обезбедува Општината за една декада, ја уништува Општина Карпош доживотно.

Со новиот катастрофален и експресен ДУП на Општина Ѓорче Петров, се доведува во прашање здравјето на граѓаните на Општина Карпош, воедно и на Град Скопје со поставување на 3 Хемиски фабрики во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец.

На товар на инфраструктурата на Општина Карпош се и новите 7.000 до 10.000 жители, односно дополнително оптеретување на сообраќајот како и водоводните и канализационите мрежи во Општината.

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош најстрого го осудува носењето на овој ДУП и застанува на страна на граѓаните на општината, ќе ги употребиме сите правни основи за стопирање на истиот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK