септември 21, 2024

Голден Стејт Вориорс го заземаат високото второ место на листата на највредни спортски франшизи во светот, според анализата на „Спортик“.

Клубот, кој само во последните години се профилираше како еден од најдобрите во НБА лигата, а и најтрофеен, сега има вредност од 8,2 милијарди долари.

Инаку, Вориорс во 2009 година кога го драфтуваа Стеф Кари вредеа само 315 милиони. Сега 26 пати повеќе!

Интересно е што Далас нема освоено Супербол речиси 30 години, но тоа не ги спречува да бидат високо рангирани меѓу највредните спортски организации во светот сите овие години.

Сличен е случајот и со НБА тимот Њујорк Никс, кои долго време се на страна во најсилната кошаркарска лига во светот, дури во последните години станаа конкурентни, но нивната вредност како франшиза не се намалува.

Прва на листата е франшизата од NFL Dallas Cowboys, чија вредност е проценета на 9,2 милијарди долари.

На листата на највредни франшизи се на високо трето место – се проценува дека вредат 7,4 милијарди долари.

Веднаш зад нив се Лејкерс (7,3 милијарди), додека петта бејзбол организација е Њујорк Јенкис (7,1 милијарди).

Од петтото до десеттото место има пет клуба од НФЛ-лигата, кои се најмногу на листата на највредни франшизи во светот – вкупно шест.

Највредниот фудбалски клуб во светот е Реал Мадрид, чија вредност се проценува на 6,07 милијарди долари.

The post Вориорс пред Кари 315 милиони, денес 8,2 милијарди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK