декември 29, 2024

Поранешниот селектор на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев изјави дека не планира на крајот на сезоната да го преземе Баерн Минхен.

Клубот од Минхен неодамна објави дека на крајот од сезоната ќе се раздели со досегашниот тренер Томас Тухел, што веднаш предизвика медиумски шпекулации за тоа кој би можел да го наследи.

Лев, кој беше селектор на Германија од 2006 до 2021 година, вели дека има причина зошто не ни размислува да работи во Баварија.

„Баерн веројатно не е заинтересиран за мене како тренер, а јас немам никаков интерес за Баерн. Доволно долго бев селектор на Германија. Во моментов не доаѓа предвид да се бидам тренер во германски клуб. Цели 17 години патував низ оваа земја, бев на сите стадиони… Германија има добри клубови, но тие не ми се доволна мотивација“

Германскиот стручњак истакнува дека не се повлекол од фудбалот.

„Не сум се повлекол од фудбалот, но на крајот на сезоната ќе видам дали ќе има понуди. Можеби некој ќе бара квалификуван тренер за селектор на репрезентацијата. Ќе видам што ќе ми биде достапно“.

The post Лев: Не сум заинтересиран за Баерн appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK