септември 20, 2024

Инвалидниот скутер кој Благојчо продаваше ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео пишува градоначалникот Орце Ѓоѓриевски

На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам.
Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе.

Го продава, бидејќи држвата е глува и се лечиме со смс пораки.
Народот е оставен сам на себе.
Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега.

Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави.

Не Бажо, нема да се туркаш на раце.
Скутерот ќе остане за тебе а ќе го станеме и Лео на нозе.
Сплотени!

Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат.
Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави!

Бог да е со нас!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK