септември 20, 2024

Откако ги избркаа нашите браќа и сестри од Македонија, во Охрид доаѓаат над 1.000 готвачи, келнери, шанкери од Филипини и Непал !!!

Над 1.000 готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг помошен персонал од Непал, Филипини и Малта ова лето доагаат на работа кај нас а првенствено во Охрид…

Кога правите споредба платата што би ја дале на овдешен работник и на некој од Непал, не ви доаѓа поефтино да ги платите овдешните работници? Ние им ја даваме истата плата, дури и повеќе, но кај нас има некој тренд за заминување на децава со некои други надежи. Инаку платите се солидни“ велат сопствениците на хотели во Охрид.

„Ние мора да бараме варијанти и најдовме варијанта од Непал, Филипини и Малта работници и доаѓаат да работат кај нас.

„Тоа е неминовно. Ако имаме напуштање на работна сила, мора тоа од некаде да се пополни. Ние имаме огласи отворени никој не се јавува, не само ние, нема некој што денес не бара кувар, келнер, собарица, чистачка“, нагласи претседателот на ХОТАМ за Алсат.

Оваа тура на странски работници ќе биде донесена со помош на агенција од Србија, која посредува при вработување на ваков кадар. Хотелиерите бараат државата да ја зголеми квотата за увоз на ваков кадар и да се поедностават процедурите за визи.

Мики Трајковски Алсат

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK