септември 20, 2024

Пакетот од 77.414 обични акции на топланата Скопје Север продадени за 350 илјади евра. Постигнатата цена на берзанска блок трансакција беше 278 денари за акција или во вкупен износ од 21.521.092 денари.

Продавачот Топлификација АД Скопје е во стечај, а парите од релизираната јавна берзанска аукција што ја иницираше Комерцијална банка, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите. Акциите се купени по почетната предвидена цена.

Лани во септември веќе имаше еден обид за продажба на топланата. Тогаш понудата беше 605 илјади евра или 482 денари по акција.

Една година претходно понудената цена беше 780 денари за една акција или 980 илјади евра.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK